Фото: 270.000 вредна јахта летна во воздух, милионерот спасен во последен миг


Јахта вредна 270,000 фунти летна во воздух и потона за само 15 минути. Бизнисменот кој ја поседувал јахтата е спасен само неколку минути претходно. 61 годишниот Paul Ward, и неговиот екипаж морале да скокнат во водите на англискиот канал за да се спасат.

Нивната облека била зафатена од пожарот. Веднаш се извлечени од водата со помош на спасувачки чамци и пренесени се во болница со сериозни изгореници.

Бродот експлодирал веднаш откако тие се нашле во водата и за само десетина минути потонал. Истрагата покажала дека бродот бил дефектен, а милионерот го купил на саем за бродови како најнов модел и тоа платил за него 270.000 фунти за да го има прв. Ова била прва пловидба на бродот.

Според екипажот се било во ред кога испловиле но во еден момент моторот почнал да испушта чудни звуци, потоа се видел дим, а за многу кусо избувнал и пожар кој се проширил на целиот брод.

Милионерот сега ја тужи компанијата која му го продала бродот, си ги бара назад парите за бродот, плус оштета, надомест за повредите и психичкиот шок.

Тонењето на луксузната јахта било снимено од хеликоптерот кој дошол на помош откако бил примен сос повикот од бродот. Еве како 270.000 фунти ги снемува за само неколку минути.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1