New York Times го испофали Симон Трпчевски


 

По настапот во Ливерпул и трите концерта во САД, двата тиражни весника не ги штедеа пофалните зборови за македонскиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески.

По неодамнешниот настап нa нашиот најпознат пијанист Симон Трпчески како солист со Royal Liverpool Philharmonic Orchestra, а под диригентската палка на Vasily Petrenko во изведба на Концертот бр. 1 за пијано и орекесtар од Чајковски, угледниот весник „Ливерпул Ехо“ (Liverpool Ecco) пишува:

„Трпчески поседува свирење со широк распон, што му дозволува да згрми и трешти кога е потребно, но исто така и да лизга со леснина по пијаното на местата каде е потребна брзина во прстите во мајсторските високи ноти специфични за Чајковски.“

Препознатливо за секој негов настап, Трпчески и овој пат на публиката во Ливерпул и’ понуди преработка на македонска фолк тема  и можност да го слушне 7/8 и 9/8 такт.

По првиот од трите концерти (на 8, 9 и вчера – 10 јули) одржани со New York Philharmonic Orchestra во престижната Avery Fischer Hall na Lincoln Center, Трпчески во тиражниот „Њујорк тајмс (New York Times)“ е наречен „динамичниот пијанист“ кој „со леснина ги свири бравурозните елементи, а со многу елеганција интровертните делови“.

На трите концерти, Трпчески со New York Philharmonic Orchestra  под диригентската палка на Bramwell Tovey го изведува Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Чајковски.

Деновиве Трпчески имаше интервјуа и во руските медиуми, а веќе в недела (15 јули) својата американска турнеја ја продолжува со настап на Музичкиот фестивал во Аспен, Колорадо, каде што Првиот концерт на Чајковски ќе го изведува со Фестивалскиот оркестар.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1