Болките во грбот доаѓаат од вашата глава


Никој не е имун на болките во грбот. Тажната вест е дека секој од нас во одреден период од животот пати од болки во кичмата, а кај многумина ова станува и долготраен проблем.
Повеќето посетуваат лекар, земаат лекови против болки или воспаленија и некако продолжуваат со животот. Некои ќе отидат на рентген или на магнетна резонанца, која ќе покаже некакво оштетување на структурата и можеби ќе ви биде понудена и операција.
Но, и покрај напредните оперативни техники и дијагнози, голем број на луѓе никогаш нема во целост да се ослободат од болките.

Специјалистите за болки се повеќе го прифаќаат мислењето дека кога болката ќе мине од краткорочен проблем во хроничен, на дело стапуваат психолошките фактори – кои често знаат да ја направат болката уште почуствителна.

Во Британија, физиотерапевите советуваат дека во третирањето на долгорочната болка во кичмата, ги вклучува принципите на когнитивно-бихевиорална терапија во својот план (како релаксација и вежби во дишењето), како и информирањето на пациентите за улогата на умот, кој значително ја влошува ситуацијата и ја прави болката да биде уште понеподнослива.


Новата книга на физиотерапевтот Ник Синфилд, оди еден чекор понапред. Тој вели дека нашата позиција може да ја интезивира хроничната болка и емоционалната напнатост, која речиси е сигурно причина за проблемот.

Медицинските професионалци се секогаш во потрага по повреди, болки или оштетувања на рбетот, со цел да го пронајдат вистинското објаснување во дијагнозата“, вели Синфилд. Поради тоа што болката е физичка, луѓето сметаат дека и причината за истата мора да биде физичка и тоа најчесто ја запоставува вистинската причина за болката во кичмата.

А тоа се стресот и напнатоста кои можат да дојдат од различни области од нашите животи – од конфликтите во семејството, стресот на работа, па дури и нереалните високи очекувања од себе си.
Болката од емоционалниот стрес најчесто е изразена во болка на физичка напнатост – главно во меките ткива на вратот, на врвот на рамењата, како и долниот дел од грбот.

А што кога скенерот ќе покаже дека имаме истрошен диск? Многумина од нас имаат структурна абнормалност во грбот, но истата не ја предизвикува болката. Поголемиот дел од рбетните оштетувања се незначителни.

Нашите дискови се истрошуваат по 20 години. Тоа е совршено нормален и безопасен процес на стареењето и неизбежна последица од гравитацијата. Секој доктор ќе ви рече дека абнормалноста предизвикува болка, но ако ги запрашате зошто е толкава бројката на луѓе со хронични болки во последните 30 години, тие нема да го знаат одговорот.  Ваквите физички абнормалности постоеле уште долг период пред да биде измислен скенерот, но се промениле со бројот на дијагностицирани пациенти.

Проблемот е што овие, совршено нормални, дегенеративни промени во рбетот, почнуваат да се третираат како ненормални болки кои нас не прават вознемирени и уплашени.

Ние нашиот рбет го третираме како кревок, нежен и склон на оштетувања, бараме смешни инструкции за тоа како треба да седиме, да стоиме, да се наведнуваме, да работиме и да подигаме товар. Како резултат на тоа станавме вознемирени, а таа анксиозност создава болка која е поврзана со тензијата.

Бавното зголемување на стресот и анксиозноста за период од неколку месеци, па дури и години, може да предизвика промена во напнатоста во мускулите, нервите, лигаментите и тетивите – што пак го намалува протокот на крв и кислород.

„На мускулите без доволно кислород може да направат депо каде што се создава млечна киселина која предизвикува грчеви, болки, вкочанетост или пак трнење“, вели авторот додавајќи дека болката може лесно да се помеша со онаа болка која што ја чуствуваме во грбот. Сето ова ги спречува пациентите да признаат дека болката е безопасна мускулна тензија која може да се отстрани со вежбање, релаксација и информираноста.

Информираноста значи да научите како да не сте преоптоварени со болката, туку да размислите на влијанието на вашите емоции врз здравјето. За жал, многу луѓе одбиваат да веруваат дека болката не е физички предизвикана, и дека доколку тоа е така, тие би признале дека се емотивно слаби и вознемирени.

Овие ставови за потеклото на болките во грбот се контроверзни, но голем број на експерти се согласуваат дека тензиите можат да ја влошат долгорочната болка, дури и ако нивното објаснување се разликува од она на Сингфилд.

„Ние им веруваме на пациентите кога ќе ни кажат колку ги боли, иако скенерите често покажуваат дека степенот на оштетеноста и не е до тој степен како степенот на болката“.

Скенерите може да имаат негативни физиолошки ефекти на пациентите со хронична болка, вели Филип Конахан, професор на Мускулоскелетна медицина на Универзитетот во Лидс.
„Ако скенирате совршено здрави луѓе, ќе приметите дека и кај нив постои некаква неправилнсот. Повеќето од нас имаат оштетувања или испакнати дискови, но немаат и болки“.


Сепак би било погрешно да се каже дека болката доаѓа само од физиолошки извори.  „Дури и малите промени во рбетот може да направат голема разлика во болките кај одредени луѓе“.  Синфилд верува дека анксиозноста и стравот не се само во коренот на нашите хронични болки во рбетот, туку и го попречуваат нашето опоравување. Поради таа причина важно е да размислуваме дека болката не е само физички проблем.

Секој пат кога ќе почуствувате болка, запрашајте се дали вас истата ве прави повознемирен, дали сте перфекционист или натпреварувачки настроена личност, дали си наметнувате себеси преголем терет и ја задржувате тензијата во своето тело?

Обидете се да не се грижите и да ја игнорирате болката. Прифатете го позитивниот став. Раздвижете се и бидете поактивни. Протегајте се колку што можете, обидете се со јога или пак пилатес, вежби кои претставуваат најдобар вид на рекреација за погодените пршлени.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1