„Фокскон“ призна дека вработувал деца да го склопуваат Iphone


Кинескиот производител на електроника „Фокскон“ (Foxcon) призна дека вработувал 14-годишни деца. Во оваа фабрика се склопува и новиот „ајфон 5“
Работниците во фабриката во Јантаи, Источна Кина, биле помлади од 16 години.

– Малолетните работници, откако се откриени, веднаш се вратени во училиштата. Сите кои се одговорни за таквата ситуација ќе добијат отказ, се посочува во соопштението на „Фокскон“.
Компанијата во Кина има повеќе од 30 фабрики и има големи тешкотии при вработувањето на нови работници. Претходно имаше проблем со самоубиствата и физичките пресметки меѓу работниците.  Во последно време фирмата се обидува да го поправи својот имиџ со зголемување на платите на вработените

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1