Избеганиот затвореник е платен убиец – со моторче му киднал на полицаецот


Њилдет Мечкаи 34 годишен, платен убиец од Албанија, осуден и за грабнување во воениот конфликт во 2001 година, е затвореникот кој му избега на чуварот од Арестантското одделение на Клиничкиот центар во Скопје.

Како што пишува Утрински Весник, затвореникот имал уште 16 месеци да лежи, а бил осуден на 9 години и десет месеци. Тој бил опериран од кила и затоа бил во болница, но го нападнал и онеспособил чуварот, по што побегнал со моторцикл, но не се знае дали го украл или, пак, бил оставен за него. Во МВР засега нема пријавена кражба на моторцикл.

Платениот убиец е во затвор од 2005. осуден е за едно дело, но бил осомничен за голем број злосторства. Тој е човекот кој киднапираше 3 полициски инспектори за време на воениот конфликт од пред нивните семејни куќи, а потоа со комбе однесени во Шипковица и во Бродец, каде биле малтретирани и тепани. Амнестија за Албанецот немаше, бидејќи е странски државјанин.

Тој во земјава влегол нелегално и се обидел да го убие сопственикот на фотостудиото „Беќо“ во Скопје. Пукал во него, но бизнисменот возврати, па напаѓачот бил ранет во градите и стомакот.

МВР распиша потерница по него.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1