Лажниот масер од Белград заврши зад решетки: Се преправал дека е хирург и правел пластични операции


Дваесет и тригодишен масер од Батајница кај Белград, кој со години држел „елитна“ ординација за пластична хирургија е уапсен по неколкунеделна полициска потрага, откако десетици жени се пожалија на здравствени проблеми како последица на неговите неуспешни и нестручно изведени операции.

Српските власти ги уапсија лажниот хирург Сава Кнежевиќ и неговата мајка Данијела кои во нерегистрирана ординација во центарот на Белград во период од пет години вршеле естетски зафати.

Една од нивните клиенти била Катарина Лиовиќ од Загреб, која за ТВ Прва тврди дека наместо хијалуронска киселина и била ставена супстанца со сомнително потекло.

„Неговата мајка ми зеде анамнеза, ме праша дали имам некоја автоимуна болест, тогаш не знаев дека тој всушност ги украл сите фотографии што ги користеше на Инстаграм од лекар од Азербејџан“, објаснува Лиовиќ.

Катарина додава дека не можела да зборува по интервенцијата и дека нашла хирург кој се согласил да ги исправи грешките по непрофесионални интервенции.

Бранислава Ловреновиќ од Угриновац, која живее во Швајцарија, отишла кај лажниот др. Сава на козметичка операција на градите.

“Рекламата за неговата канцеларија беше толку професионална што бев убедена дека сум во вистински раце. С.К. ми се претстави како лекар, естетски хирург и му верував. Тој имаше канцеларија во Теразије и сè работеше како што треба”, вели Бранислава (43).

Ми рече дека ќе ми стави импланти во градите, дека ќе ги отстрани мастите од мојот стомак и ќе направи „фејслифтинг“. Се согласив. Цената беше 3.000 евра. Сепак, дури и пред да започне операцијата, не се чувствував добро. Ми беше дадена анестезија, или нешто друго што тој ми го даде, што секако не беше анестезија, затоа што се будев три пати за време на операцијата и чувствував страшни болки. Сето тоа траеше ужасни пет часа. Дури подоцна, таа сфатила дека е жртва на измама.

„По операцијата, моите гради беа обезличени, ужасни … Брадавиците ми беа огромни, болни … Не сакаше ни да ги отстрани конците, ми рече да ги отстранам сама, со пинцети дома“, изјави Бранислава за zena.rs.

Времето минувало, а нејзините гради изгледале полошо и полошо. Иако упорно го контактирала загрижена за тоа, Сава Кнежевиќ, како што рече Бранислава, само одговорил дека „сè е во ред, ќе биде подобро“. Сепак, откако добила воспаление на бубрезите, морала да оди во болница во Швајцарија. На рутински преглед, лекарите биле шокирани од нејзините гради и и рекле дека е обезличена.

И тоа не било сè. Кога направиле ултразвук, се покажало дека нема вграден имплант во градите.

Тој воопшто не ми стави импланти, туку ги наполни моите гради со маснотии што ми ги извади од стомакот. И ми ги осакати брадавиците, затоа што ги исече како што не треба, за да изгледа целата операција поубедлива. Ужас. Исто така, се покажа дека тој воопшто не го затегна моето лице, тој само ме пресече така. Што и да ви кажам, не може да биде пострашно – раскажа Бранислава.

На Сава Кнежевиќ и неговата мајка Даниела (49), цвеќарка по професија, која му помагала, ќе им се суди за надрилекарство. На двајцата им е одреден 48-часовен притвор, јавуваат српските медиуми.

Неверојатно вештиот измамник дури успеал во 2017 година, кога имал само 19 години, да им одржи предавање на француски лекари во една клиника во Париз, а медицинската установа до неодамна ја имала објавено на својата веб-страница снимката од неговото „предавање“.

Кнежевиќ пет години „оперирал“ и вршел естетски зафати како инјектирање ботокс и липосукции, иако не бил квалификуван за нив, а клиенти во неговата „дива“ ординација, во која цените биле драстично повисоки отколку во легитимните ординации, биле и личности од јавниот живот во Србија.

Лажниот доктор се сомничи дека осакатил десетици луѓе, главно жени, претставувајќи се лажно како специјалист по реконструктивна хирургија. Ординацијата била опремена со најскапа опрема и се наоѓала на атрактивна локација во центарот на Белград, но околу неа немало никаква назнака дека се работи за медицинска установа. Хируршите зафати се вршеле на импровизирана маса за операции поставена на застаклена тераса, а на „докторот“ Кнежевиќ му помагал цел медицински тим, за кој полицијата сѐ уште открива дали биле измамници како и газдата, или се работи за вистински лекари кои не знаеле за кого работат.

Уапсениот Кнежевиќ имал поминато само прва година на Стоматолошки факултет, а работел како масер со завршен курс. Наместо да ги разубави, како шо им ветувал, лажниот доктор на многу жени им предизвикал лузни, изгореници и дупки на разни делови од телото од каде земал мрсно ткиво за пресадување во гради или во уста. Дел од пациентките кои го пријавиле и го тужат Кнежевиќ, велат дека им бил загрозен и животот.

Како што пишуваат медиумите, Кнежевиќ во последните месеци дури и го проширил „бизнисот“ и почнал да им нуди на странци аранжмани за вакцинирање во Србија, по цена од 600 евра за две дози.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1