Паника во Киев: Колони возила го напуштаат градот, гужви на бензински, банкомати, железнички | ВИДЕО


По руската офанзива на Украина се создаде паника во Киев.

На излезот од Киев има голем сообраќаен метеж. Исплашените граѓани во колони автомобили бегаат кон западните граници на земјата.

На социјалните мрежи се шират снимки на кои се гледа како Украинците го напуштаат Киев додека во градот свират сирените за тревога.

Голема гужва има на метро станиците каде луѓето се обидуваат да се качат во возовите.

Долги редици се евидентирани и на бензинските пумпи како и на банкоматите каде луѓето подигаат пари, пишува Дејли Мејл.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1