Украинска амбасада во Македонија: Загинати тројца граничари


Откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека почнал „специјална операција“ во Украина, по што настана буквален хаос во земјата, но и во целиот свет, украинската амбасада во Македонија лиферува куси соопштенија, каде објавува за состојбите во Украина.
– Граничните единици дејствуваат во согласност со состојбите што се случуваат во областите на одговорност и во соработка со сите одбранбени сили.

Во областа на населените места Копани и Иваново на Херсонската област, војниците се борат со непријателот.

Во областа Скадовск, граничната команда за брза реакција врши пукање од хеликоптери.

Во моментов се знае за 3 загинати граничари. Има ранети. И покрај тоа, граничарите се борат против окупаторот – велат од украинската амбасада.

Непријателот напаѓа не само врз единиците на границата, туку и врз објектите во задниот дел, додаваат од амбасадата.

Гранатиран е еден од објектите на Државната гранична служба на Украина во Кијивската област. Веројатно од ракетно оружје.

Светските медиуми јавуваат дека жителите на Киев масовно бегаат од градот.

Станици на метрото станаа импровизирани засолништа во главниот град на Украина, Киев. Очевидци за Си-Ен-Ен тврдат дека станиците се полни со луѓе, организирани во групи, кои носат со себе залихи.

– Додека ги слушаме звуците од воздушниот напад, можете да замислите колку испаничени се луѓето во градот, станувајќи од своите кревети потресени од експлозиите, што ги има насекаде околу нас, изјави за Си-Ен-Ен, Метју Ченс во Киев.

Се додава дека „целиот сообраќај се движи во една насока… луѓето возат најбрзо што можат, со цел да стигнат на запад кон побезбедните подрачја“, можеби „кон Полска, оддалечена оттаму околу три до пет часа со автомобил“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1