Продолжен притворот на Мухамед Зеќири – префрлен на Инфективна


Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор, откако денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена, потврдија извори од Судот за МИА.

Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај. За двете одлуки Зеќири поднесе жалби, кои беа одбиени.

Мухамед Зекири е префрлен на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваат од скопскиот затвор во Шутка за Телма. Судот одобрил трансфер на поранешниот генерален сексретар поради сомнежи за евентуално труење, по што тој вчера попладне бил пренесен во болница.

Од затворот за телевизијата одговорија дека барањето за трансфер во болница е упатено до судот уште минатата недела, но било одговорено и одобрено вчера. Нема објаснување зошто Зекири не е префрлен во арестантското одделение наменето за притвореници и осуденици туку е однесен на Инфективната клиника.

Од Кривичниот суд велат дека по добиено барање и известие за влошена здравствена состојба од надлежните служби во Затвор Скопје во најбрз можен рок е одобрено лекување на притворениот во соодветна медицинска установа.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1