Денес е првиот ден од стапувањето во сила на забраната за користење на мобилни телефони и слушалки при преминување на улица.
Може да бидете казнети до 40 евра ако зборувате на мобилен, носите слушалки или правите „скрол“ додека минувате на пешачки премин.
Ова важи како за пешаците, така и за велосипедистите или оние што возат тротинети.
Забранета е употребата на сите електронски уреди што ги расејуваат пешаците.
„Законските решенија се воведуваат со цел елиминирање на некои навики кај пешаците и возачите на одредени категории возила. Меѓу нив, пешак е должен кога се движи по коловоз под условите утврдени со овој закон, или кога ја преминува улицата и велосипедската патека или велосипедската лента, да се движи и да помине внимателно без да користи електронски уреди, како што се слушалки, мобилен телефон, таблет, паметен часовник или друг електронски уред, кој ја намалува внимателноста, додека ја преминува улицата и велосипедската патека или велосипедската лента, велат од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат да се почитуваат правилата во сообраќајот бидејќи ќе има засилени акции со нулта толеранција за прекршоци кои можат да предизвикаат и фатални несреќи.









