Кривични пријави за ЈП комунална хигиена Скопје


Општина Аеродром со кривична пријава против јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ за загрозување на животната средина. Пријавата е поднесена до министерството за внатрешни работи и обвинителството. 

– Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени редовните активности односно чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад. Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање.

Град Скопје се приклучи кон кривичната пријава против ЈП „Комунална хигиена“ што ја поднесе Општина Аеродром до Министерството за внатрешни работи и до Основното јавно обвинителство, за загрозување на животната средина.
Оттаму информираат дека тие поднеле кривична пријава против Јулијана Спироска, претседател на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“, за загрозување на животната средина, наведувајќи дека во периодот од 2022 година до денес, било констатирано оти поради нејзини активности, претпријатието континуирано не ја спроведува својата основна дејност – одржување на хигиената на подрачјето на Град Скопје.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1