Американците почнуваат со имплементација на системот за предупредување на корисниците кои симнуваат пиратски содржини, што претставува лоша веста за сите оние кои симнуваат содржини преку торент.
Системот развиен од страна на Американската асоцијација за авторски права на музичарите и режисерите (RIAA и MPAA), во соработка со големите интернет сервиси и провајдери (ISP) во САД и во иднина ќе испраќаат известувања до интернет корисниците, пронаоѓајќи ги преку нивните IP адреси, оние кои симнуваат пиратска содржина, по што следува предупредување за кршење на авторски права и дека нивната IP адреса е пријавена за симнување на пиратски материјали.
Во затвор поради преземање на една песна!
Ако сте симнувале филмови, музика или некаков тип на програми, ќе добиете нова порака (максимум ќе ги има шест), но, за секоја порака ќе биде побарувано повратен одговор дека истата е примена. Исто така ќе ви биде пратен и едуцирачки материјал за заштитата на авторски права. Така што по петтото и шестото предупредување, кај интернет корисниците ќе може да им се намали брзината на пристап на интернет и ќе можат да се применуваат и казните.
„Ова е лоша вест за оние кои симнуваат материјали преку торент“, изјавиле од центарот за информации за заштита на авторските права, кои дополнуваат дека имплементацијата на ваквиот систем на едукација, ќе допринесе да корисниците во иднина ќе прекинат со преземањето на пиратски материјал уште по само првото предупредување.
Џил Лесер од самиот центар на оваа организација дополни дека оние корисници кои не преземале пиратски содржини, а добиле предупредување, ќе можат да побараат нова проценка која ќе утврди дали симнувале пиратски содржини или пак не.
Потврдено: Се надгледува секое преземање на филмови и музика од интернет!
Иако цело време се нагласува дека ваквиот систем има за цел да ги предупредива корисниците и истите да ги едуцира, основачите на блогот TorrentFreak веруваат дека ваквите предупредувања кои ги испраќа организацијата за заштита на правата на музичарите и филмските работници, ќе предизвика намалена брзина до пристапот на интернет како и ограничен степен на користење на истиот. Исто така нагласуваат дека со можноста за тужба од страна на организациите за авторски права, спроведувањето на овој систем би можел да значи почеток на „лов на пирати“.
Уште не е прецизирано кога ваквиот систем ќе почне и практично да се применува, а некои гласини најавуваат дека истиот би можел да стартува на крајот на ноември.