Невините завршуваат факултети


Луѓето кои невиноста ја загубиле пред 15 година, подоцна во животот помалку заработуваат.

Времето кога сте ја загубиле невиноста ви го одредува начинот на живот. Имено некои луѓе кои не брзаат со сексот во тинејџерските години и невиноста ја изгубиле дури во дваесеттата или триесетата година од својот живот, се посреќни, потврдила студијата од Иниверзитетот во Тексас, која била направена над 1659 испитаници.
Предноста која е поврзана со сексуалното неискуство, е тоа што често овие луѓе завршуваат факултет и имаат подобри платени работни места.

Изгледа дека луѓето кои што сексуалниот живот и адолесценцијата не им е приоритет, повеќе време посветуваат на своето образование, а имаат и помала траума од разочарувачката врска.
„Возраста на која се впуштаме во сексот, може да влијае на исходот од романтичните врски во подоцнежниот живот, но и на други подрачја“, нагласила психологот Пејџ Харден.

Таа и нејзинот тим откриле дека оние кои невионсота ја загубиле во периодот од 15 годишна возраст, помалку заработуваат во животот, од оние кои тоа го искусиле на 19 годишна возраст.
Помеѓу испитаниците кои се во брак се покажало дека оние кои подоцна ја изгубиле невиноста во бракот се чуствуваат исполнети и среќни и ретко влегуваат во расправија.
Сепак не може да се каже дека само времето и губењето на невиноста има големо влијание на животите, туку се поврзуваат и со карактерот на личноста, објаснуваат психолозите.
„Внимателноста при бирањето на сексуалниот партнер, изградува стабилна врска пред сексот, ги контролира нагоните и желбите за сигурни карактеристики кои влијаат и за време на првиот сексуален однос, но и на другите животни избори“, изјавила психологот Харден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1