ОБНОВАТА НА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ЌЕ ЧИНИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА


Почна обновата на Универзалната сала во Скопје, проект вреден 20 милиони евра.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министерот за култура Зоран Љутков и со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го посети градилиптето очекува изградбата да биде завршена во рамките на рокот и во рамките на предвидениот буџет.

– Проектот „Европска престолнина на културата“ после сите оние застои во минатото, конечно добива некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Јас сум благодарен од мое име, од името на граѓаните на градот Скопје, што овој објект после сите оние перипетии од минатото ќе добие некаква физиономија. Според она што го видов и што го презентираше проектантот ќе биде навистина прекрасно дело. Па, ајде да не зборуваме што се вели пред време, да го завршиме и потоа сите заедно да се радуваме и да уживаме во културните настани коишто тука ќе се организираат – рече премиерот Мицкоски.

Универзалната сала ќе биде завршена до крајот на 2027 година. Ќе биде дел од „Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година“. Имаше правни пречки, имаше поделени стопанисувања меѓу Град Скопје и Министерството за култура, не се знаеше кој е одговорен во овој дел. Кога ги решивме овие пречки, во истиот момент продолживме со целата процедура. Инвеститор е Министерството за култура, преку Владата, а парите, 20 милиони евра, ги обезбеди Владата – изјави министерот Љутков.

Проектот за реконструкција на Универзалната сала ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, со што се обезбедува целосна изведба и подготвеност за употреба, без дополнителни интервенции.

Универзалната сала требаше да биде изградена во мандатот на претходната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. Но, таа не ја градеше, па Министерството за култура ги презеде ингеренциите од Град Скопје и почна да ја гради. За време на изградбата, во април 2024 година,  градилиштето се запали и изградбата беше стопирана.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1