Срцето не застана –  срце од починат дарител продолжи да чука во градите на 52-годишен пациент


Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи. Срцето не застана. Само продолжи да бие, во градите на некој друг“, пишува во емотивната објава на Фејсбук. На Клиниката во Скопје е направена трансплантација на срце, а го доби 52-годишен пациент, по 4 години чекање.

Од Министерството за здравство, кое ја објави убавата вест за спасен живот, велат дека едно семејство, во најтешкиот момент, донело одлука да спаси животи и им изразија благодарност.

Во нивната објава пишува:

„Четири години чекање. Еден повик и момент што промени сè.

Срце што не замолчи, туку продолжи да бие!

Во градите на 52-годишен пациент од денеска пулсира ново срце. Овој пациент од 2021 година е на Националната листа за трансплантација.

Симбол на нечија љубов која продолжува да живее и да носи светлина во друг живот.

Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи.

Срцето не застана. Само продолжи да бие, во градите на некој друг“.

Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот.

Донирани се и коскени ткива, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне во лекување и обновување на живот“, информираат од Министерството за здравство.

Кога болката е неиздржлива, а зборовите немаат сила, додаваат од министерството, постојат луѓе кои наоѓаат сила да ја донесат можеби најхуманата одлука. 

„Токму тоа го стори едно семејство, кое во најтешките мигови од својот живот одлучи да подари живот на другите.

Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса.

Министерството за здравство ја изразува својата најдлабока почит за ова храбро семејство. Нивната одлука за нас е патоказ при креирање на идните политики. Благодарност до сите здравствени работници чија посветеност, експертиза и професионалност ја имаа оваа благородна мисија за нова надеж и нов живот“, вели Азир Алиу, министер за здравство.

„Огромна почит до семејството на починатиот донор, кое со оваа храбра одлука одлучи да го промени крајот на нечија приказна. Кога сме сплотени и имаме една ваква хумана мисија, заеднички и тимски може да поместуваме граници,” вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Пациентите како што е соопштено се во стабилна состојба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1