Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје


Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево.

Во моментот регистрирани се 26 случаи од страна на ИЈЗ, а за 24 се потврдени дека се носители на вирусот. 25 се од Скопје, а еден е од Велес. Станува збор за повозрасни мажи над 60 години, кој претежно работеле земјоделско градинарски работи во приквечерните и раноутринските часови.

На Клиниката за инфективни болести, досега се регистрирани 29 пациенти, од кои 5 се во тешка состојба и се на механичка вентилација. За жал од вирусот викендот починал 83 годишен маж кој имал и пропратни болести.

Здравствемите власти препорачуваат граѓаните да ставаат мрежи, да се прскаат со средства и да не излегуваат кога заоѓа сонцето и рано наутро.

Жителите на Драчево, особено повозрасните кои спаѓаат во ризичните групи, велат дека со загриженост ја следат состојбата. Дел од нив веќе поставиле мрежи на прозорците, користат средства против комарци и се обидуваат да ја отстранат застоената вода од дворовите и околината.

Матичните лекари во Драчево забележуваат и промена во однесувањето на пациентите. Додека порано граѓаните чекале два или три дена за да видат дали симптомите ќе се повлечат, сега при првите здравствени тегоби веднаш бараат лекарска помош. Дел од нив директно се упатуваат и на Клиниката за инфективни болести за дополнителни испитувања.

Посебно внимание се препорачува кај повозрасните лица и кај луѓето со хронични заболувања, бидејќи кај нив постои поголем ризик од потешка форма на болеста. Во последните 15 години во Македонија биле регистрирани пет смртни случаи поврзани со западнонилската треска.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1