ВИДЕО: Монтажен базен го сопре пожарот – гасеа 25 доброволни пожарникари, хеликоптер на МВР


Голем шумски пожар во тешко пристапниот планински предел над селото Локвица во Општина Македонски Брод вчера беше ставен под контрола по здружена воздушна и копнена акција. Во справувањето со огнената стихија, која се движеше во правец кон резерватот „Јасен“, беа ангажирани 25 доброволни пожарникари и петмина оперативци на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со поддршка од три авиони „Ер-трактор“ и хеликоптер на МВР.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека денеска во гаснењето на шумскиот пожар во Македонски Брод учествувале 25 доброволни пожарникари, пет на ДЗС и хеликоптер на МВР.

-Во пределот над с. Локвица, Општина Македонски Брод, далеку во планината во правец кон ловиштето Јасен, моменти од дејство на поголем Огнен тим на ДЗС за гасење шумски (25 доброволни пожарникари и 5 од ДЗС. Исто така и со подршка на еден хеликоптере на МВР што полнеше вода од монтажен базен, при што имаше мноу брзо полнење и ифрлање вода, информираа од ДЗС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1