Нова апликација за „Безбеден град“ – Возачите сами ќе проверуваат казни


Возачите од следната недела ќе можат преку нова мобилна апликација да проверуваат дали имаат евидентирани сообраќајни прекршоци и да добиваат информации за изречените санкции поврзани со системот „Безбеден град“.

Со новата апликација корисниците ќе имаат полесен и непосреден пристап до податоците за регистрираните прекршоци, без потреба да чекаат дополнително известување.

Преку системот „Безбеден град“ прекршоците се евидентираат со камери и електронски уреди, а досега известувањата се испраќаа по СМС и електронска пошта на контактите оставени при регистрација на возилото, со линк до записникот и платниот налог, како и можност за електронско плаќање на глобата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1