Берлускони ќе оди во затвор – осуден е на четири години


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е осуден на четири години затвор заради даночна измама.

Италијански суд го осуди него и 10 други лица во процес кој траеше шест години. Берлускони не смее ниту да биде во политиката – доби забрана за вршење политичка дејност пет години.

Пресудата е донесена два дена откако Берлускони (76) најави дека нема да се кандидира за премиер за претстојните избори.

Берлускони не присуствуваше при донесувањето на пресудата за злоупотреби при купување права за американски филмови. Се очекува тој да ја обжали пресудата. Има право на жалби во две судски инстанци. Тоа е прва пресуда против Берлускони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1