Поднесено обвинение за Монструм


За тероризам обвинети се Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Азири Фејзи, Сејди Рами и Хаки Хазири. Јавниот обвинител Љупчо Шврговски за Алфа потврди дека петмина се извршители на убиството, а еден од обвинетите е помагач на терористичкиот чин.


„Обвинителството за организиран криминал оцени дека има доволно цврсти докази кои ќе бидат изнесени пред судот, а со кои ќе се докаже дека обвинетите навистина преземале дејствија што ги исполнуваат битните елементи на кривичните дела за кои се товарат“-стои во соопштението на обвинителството.

Обвинението е поднесено на последниот ден од истекот на рокот, 6 месеци по притворот на обвинетите.   се очекува судењето да почне до крајот на идниот месец.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1