Алиу: ДПА вечерва официјално ќе ја прекине соработката со СДСМ


ДПА на вечерашната седница на Централното претседателство на партијата во партиското седиште во Тетово и официјално ќе ја прекине соработката со СДСМ, најави пратеникот од редовите на ДПА Имер Алиу, пренесува МИА.


,,Договорот за техничка соработка де факто е прекинат од страна на СДСМ со самиот факт што од нивна страна како проблем или отворено прашање беше поставена Струга. Од друга страна како главен принцип на техничката соработка беше дека на претстојните локални избори во општините каде има мнозинско албанско население, СДСМ ќе ги подржи кандидатите од ДПА за градоначалници, рече Алиу.

Тој најави дека е можно од партијата да излезат и со официјална изјава за прекинот на соработката со СДСМ и непосредно пред почетокот на седницата на претседателството

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1