Директор на скопско јавно претпријатие и поранешен градоначалник минатиот месец претепал вработена во еден од хотелите со кои стопанисува претпријатието, пишува Вест.
25-годишната Љ.Б. работела во бифето на хотелот, околу четири часот по полноќ, повеќето гости го напуштиле ресторанот, останал само директорот и неговите пријатели. Девојката бидејќи цел ден бил на смена, му пришла да го праша дали може да заврши со смената.
“Веќе беше доцна, и му пријдов на директорот да го прашам дали можам да се повлечам во собата, бидејќи наредниот ден во 8 часот почнуваме со работа. Беше под дејство на алкохол и најпрвин ми рече да се тргнам од неговата маса. Кога го прашав дали тоа значи дека можам да завршам со работата, ме фати за рака и ме изнесе надвор, во дворот на хотелот.
Веднаш почна да вика и да ми се обраќа со погрдни зборови. Ме стискаше по рацете, кои потоа цели ми беа модри. Почна да ме кубе по косата и уште двапати да ми удри боксови во глава. Во еден момент ми удри бокс во главата, по што паднав на земја и се онесвестив. Цело време викаше: ‘Да не си влегла сега веднаш внатре, поседи малку надвор, и ако кажеш некому за ова, ќе те убијам'”, раскажала за Вест 25-годишната Љ.Б.
Девојката успеала од споредниот влез да се качи во нејзината соба имала вртоглавица и повраќала по што се јавила кај родителите. Во болница било утврдено дека има потрес на мозокот, проблеми со слухот, случајот го пријавиле и во полиција.
Директорот и ексградоначалник тврдел дека изјавата на неговата вработена е лага.
и дека намерно смилсила приказна за да го извалка неговото име пред локалните избори.
Од МВР потврдиле дека е поднесена пријава против директорот за физички напад и се работи на расветлување на случајот.