Се подготвува бура на векот – Њуjорк пред вонредна состојба (Видео/Фото)


Главниот удар на големиот ураган „Сенди“, кој се очекува во понеделник вечерта, се очекува да се случи во јужниот дел од Њујорк, на крајбрежјето на Њу Џерси. Се стравува дека стотина илјадници луѓе би можеле да оснатат без струја. Утре започнува евакуацијата.
Во случајот Њујорк да биде центар на ударот на ураганот Сенди, градските власти планираат да воведат вонредна состојба, да евакуираат стотина илјади луѓе, во целост да го затворат подземниот сообраќај и јавниот градски превоз, како и школите, пренесуваат американските медиуми.

Ураганот кој до сега однесе најмалку 44 животи на Карибите, во моментов се наоѓа на оддалеченост од околу 500 километри југоисточно од градот Чарлстон во Јужна Каролина и се движи кон север, а главниот удар се очекува да се случи во понеделник вечерта.

Метеоролозите се уште не можат да го одредат точното место на ударот, но последните проценки говорат дека тоа би можело да биде нешто јужно од Њујорк, на крајбрежјето на Њу Џерси.
Во прашање е огромен циклон, така што големите силни ветрови и обилните дождови, ќе ги почуствуваат жителите од Вашингтон до Бостон. Се проценува дека може да падне повеќе од 20 сантиметри дожд по квадратен метар.

„Оваа олуја ќе ги погоди милиони луѓе и ќе направи штета која се мери со милијарди долари“, вели прогнозерот Маршал Мос и додава дека ваков ураган досега се нема случено.

Се стравува дека милиони луѓе со недели ќе останат без струја, како и њујоршкото метро, доколку водата продре во него, со што може да биде надвор од функција подолг временски период.
И покрај тоа што Сенди во овој момент, има прво ниво на степен на ураган, по сударот со ладната воздушна маса на север, истиот значително ќе добие на сила и деструктивност.


Според ова сценарио последиците од ураганот би можеле да бидат исти, ако не и полоши, од ураганот Боб или Перфектна олуја од 1991 година, велат официјалните лица.

Градските и државните власти во Вашингтон, Вирџинија, Мериленд и Пенсилванија прогласија вонредна состојба, а граѓаните преку телевизијата беа повикани за време на викендот, да се снабдат со доволно количини на конзервирана храна, батериски лампи и батерии како полначи за кола и мобилни телефони.
Гувернерот на Џу Џерси, Крис Кристи, утрото прогласи вонредна состојба во оваа држава, а доброволната евакуација на луѓето кои живеат во близина на крајбрежјето веќе е започната.

Принудната евакуација ќе започне во недела попладне

Експертот од американскиот Национален центар за урагани Денис Фелтген, објаснува дека ураганот Сенди е толку голем што суштински го намалува значењето за тоа каде ќе биде местото на ударот. Последиците ќе се почуствуваат во распон од повеќе стотина километри и во повеќе држави во исто време“, истакнал Фелтген.

Поради ураганот откажани се неколку важни политички собири на кои би требало да учествуваат потпретседателот на Америка, Џо Бајден и републиканскиот кандидат Мит Ромни.

Ромни го откажа собирот планиран за во недела во градот Вирџинија Бич, додека Бајден го откажа за денес најавениот собир во истиот град.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1