Олмос е најстрого чуваниот затвор во Аргентина, во кој се сместени 2100 затвореници, со обвиненија за крадење, силување и убиства. Но, звукот на надеж тече од решетките и мрачните ќелии, во форма на еден изновреден хор.
Во 2007 година, меѓу ужасите на затворскиот живот, бил формиран и хор, кој што го променил животот на затворениците и драматично ги намалил рецидивизамните стапки.
Психологот Хуан Пабло Диез Ледесма, ја започнал ваквата идеја како дел од програмата за рехабилитација. За да се приклучат затворениците, истите мораат да се откажат од насилството, злоупотребата на супстанците и да научат да се почитуваат едни со други.
Од истиот тој затвор излегоа и приказните за сите оние кои што се обиделе да го преживеат циклусот на насилство, кои што се обиделе да направат пресврт во своите животи, особено оние кои што се гордеат со канџите на кривичното минато.
„Моравме да се запознаеме со мажите, со нивните семејства за да добиеме увид за општеството од кое што доаѓаат, го истражувавме нивниот живот, што е тоа што ги водело до насилен криминал, за да можеме да утврдиме каков вид на музика би можел да го трансформира нивниот живот“, вели Ледезма.
Како што хорот се подготвува за јавен концерт, надвор од затворските порти, сите затвореници имаат можност да се видат со семејствата од кои долг период се одводени. Истите тие пеат трогателни песни од сопствените искуства.