Аферите на претседателите – тајни жени, шпиуни, глумици… кои ги грееја нивните кревети


Историјата на љубовни врски на американските претседатели се малку познати, а еве некои од нив.

Милијардерот Доналд Трамп, голем противник на Обама не ги објави документите, за кој што велеше дека ги има а кој што се однесуваат за разводот на претседателската американска двојка. Сепак, јавноста е заинтересирана за сето тоа што се случува во приватниот жвиот на семејството Обама. Мишел во многубројни интервјуа се изјасни дека нејзиниот брачен живот не е лесен.

Бил Клинтон

За случајот „Левински“, во која главниот актер беше Бил Клинтон, американскиот претседател од 1993 година до 2001 година, не е потребна некоја историска белешка. Доволно е да се погледнат весниците од крајот на 1990-те години. Всушност голема медиумска прашина од 1990 години, се крена кога Моника Левински, приправничка во Белата Куќа, во судот сведочеше за сексуалните средби која ги имала со тогашниот оженет претседател Бил Клинотн.

Тој во тоа време веќе се соочуваше со обвинувања за сексуално однесување со неговите колешки со кои работел додека бил гувернер на Арканзас.

Осумте години од мандатот на Клинтон на функцијата претседател на САД, ќе бидат запаметени во историјата пред се по неговите сексуални скандали, за разлика од важните внатрешни и надворешни промени во полититката, е заклучок на професорот по историја на Универзитетот Браун, Стипен Р. Граубард.

Љубовната епизода на Клинтон и Левински доби на огромно медиумско внимание, а во подоцнежниот период беше предмет на медиумски потсмев. Левински од целата оваа афера направи профитабилен бизнис. Целата афера таа му ја прераскажа на авторот Ендрју Мортон, кој напиша книга „Приказната на Моника“. Приходите од книгата, кои се базираат на бројот на продадени примероци, се мери во милиони долари, а Мортон истите ги подели со Левински.

Џон Кенеди

Веројатно најпознатиот претседател познат по вонбрачните екскурзии бил Џон Кенеди. Во неговите наводни љубовници се вброила меѓу останатите и глумицата Мерлин Монро.

Книгата за аферата со претседателот ја објави минатата година Мими Алфорд. Со претседателот имала афера додека работела во Белата Куќа како стажист.

 

Врската била извршно страствена и траела 18 месеци. Креветот на Кенеди наводно го делел и со Марија Мејер, поранешна сопруга на американскиот разнузавач Корд Мејер.

Во креветот на Кенеди наводно имало место и за мафијашката љубовница Џудит Кемпбел. Тие се запознале, како што пишува во мемоарите во Лас Вегас, а љубовната афера ја одржувале цели две години.

Дури по неговата смрт биле откриени сите здраствени проблеми кои ги имал и поради кои бил под лекарства. Меѓу нив се шпекулира дека биле и оние за ненаситен сексуален апетит.

Сето тоа го открил Ричард Ривс, професор на Универзитетот во Јужна Каролифорнија.
„Како ти е тебе Харолд? Јас, ако не сум со жена подолго од три дена, добивам страшна главоболка, се пожалил Кенеди, на британскиот премиер Харолд Макмилиан“, напишал Ривс.

Френклин Рузвелт

Рузвелт очигледно имал повеќе партнери во текот на бракот со неговата сопруга Елинор. Од страна на американскиот професор Жан Едвард Смит, било напишано дека емотивно најмногу се поврзал со секретарката на Елинор, Луси Мерсер, со кого љубовната врска ја остварувал до крајот на неговиот живот. Постоењето на овој однос бил поддржан од страна на неговата ќерка Ана.

Според напишаното, ваквиот однос можел да се докаже со љубовните писма кои што си ги разменувале. Врската започнала во 1914 година, а Елинор за истата дознала во 1918 година, откако ги пронашла писмата.

На нивниот развод се противела мајката на Френклин. Таа се плашела од срамот кој што можел да го задеси семејството. Иако Еленор ветила дека со Луси нема веќе да комуницира, таа го прекршила ветувањето. Тајната служба за љубовницата на 32 американски претседател имала и тајно име „Г-ѓа Џонсон“.

Двојката била толку блиска што Луси останала со Рузвелт до неговата смрт во април 1945 година. Рузвелт доживеал мозочно крварење паднал во кома и умрел кратко време потоа.

Американската јавност за љубовната афера дознала дури во 1960 година, откако неговиот син Елиот во една прилика изјавил дека неговиот татко 20 години имал љубовна врска и со неговата секретарка Маргарет „Миси“ Ле Ханд, напишала во мемоарите последната негова секретарка Грејс Тили.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1