Пејнтбол против астероидите (Видео)


Пејнтболот еден ден би можел да ја спаси земјата од удар на астероид. Облак од пејнтбол топки истрелани во вселената, би можел да ја измести траекторијата на астероид кој се движи кон земјата, е најновиот предлог за отстранување на камења кои и се закануваат на нашата планета.


Оваа стратегија, која е претставена вчера, освоила награда на натпреварот „изместете го астероидот“, кој бил спонзориран од Советодавната голема свемирска генерација Обединети нации.

Студент на воздухопловниот и астрономскиот институт за технологија, Сунг Вук Пек, вели дека вселенското летало би можело да испали кон астероидот две топки наполнети со бела прашкаста боја, која би ја прекриле површината на каменот колку што е можно повеќе.

„Иницијалната сила на пејнтбол топката, би го изместила малку астероидот од својот курс“, вели Пек.
Бојата која што ќе остане на каменот, двојно ќе ја зголеми рефлексијата на сончевата светлина. Зголемената количина на фотони кои отскокнуваат од површината на астероидот, би го зголемил притисокот на соларната радијација и дополнително би го поместил патот на каменот.

Пек за изработка на ваквата стратегија се послужил со примерот на астероидот Аполфис. Овој 270 метри широк камен, често се споменува како потенцијална закана за Земјата во следните неколку децении. Научниците предупредуваат дека би можел да ни се приближи во 2029 година, а следен пат дури во 2036 година.

За прекривање на Апофилс, Пек пресметал дека се потребни пет тони боја. Тој истакнува дека се потребни 20 години, за притисокот на соларната радијација му биде доволен да го помести каменот од патеката кон Земјата, меѓутоа на каменот, покрај бојата би можеле да се фрлат и други супстанци.
Куглиците би можеле да се пакуваат со аеросол која би довела до отпор и успорување на астероидот кон земјата.

„Има и други начини да се примени ваквиот метод“, навел Пек.
Линдли Џонсон, програмскиот менаџер на програмата Опсервација на објектите кои што се доближуваат кон Земјата на американската агенција НАСА, вели дека предлогот на Пеков е иновативна варијација на техника, која се користи со предностите на притисокот на соларната радијација. Така леталото „Месинџер“, користи соларни едра за да го контролира својот пат кон Меркур.
Претходните идеи за поместување на астероидите, опасни по Земјата вклучуваат гравитациони траектори, ласери, удари во камен, дури и нуклеарни бомби.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1