Живо: Следете го Ураганот Сенди


На youtube е поставен канал каде во живо може да се следи се околу ураганот Сенди кој според последните информации веќе стигна во Њујорк.

Атлантик Сити е под вода. Њујоршката река Хадсон се излила од своето корито.
Њујоршките власти одлучија во 14 часот по локално време да го затворат Бруклинскиот и Холанд тунелот. Вода надошла и на пистата на аеродромот LaGuardia но и а JFК аеродромот.

Освен снимки од градот на линкот се емитуваат и информации за движењето на ураганот, изјави од метереолози јавувања на репортери од теренот и слично.

(Фотографијата е снимена пред помалку од еден час и е поставена на социјалните мрежи, на неа се гледа дека Сенди веќе пристигнала во Њујорк)

Поставени се и неколку камери на згради во Њујорк кои емитуваат живо снимка од градот.

На следниот линк е камерата на Њујорк тајмс поставена на нивната зграда која на секои 60 секунди емитува нова фотографија.

А на следниот линк е камера поставена во живо која емитува видео од бруклинскиот мост.

Ovде може да го следите во живо преносот на youtube

Празни се метроата, железничките станици, автобуските станици. Компанијата која го обезбедува градот со струја ConEd денес ќе донесе одлука зависно од напливот на вода дали превентивно ќе ја исклучи струјата.

Според информациите евакуирано е комплетното крајбрежно подрачје, а околу 400 000 луѓе го напуштиле градот. Вонредна состојба е прогласена во Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Пенсилванија, Мериленд, Вирџинија и Вашингтон Д.Ц. Околу 60 милиони луѓе може да бидат погодени од бурата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1