Познатиот боливиски радио новинар Фернандо Видал бил нападнат и жив запален додека водел емисија во јужниот град Yacuiba.
Вработените во „Радио популар“ сведочеле дека четворица маскирани мажи влегле во студиото, го полеале Видал со бензин и го запалиле.
Седумдесет и осум годишниот новинар и уште еден вработен во радиото биле пренесени во болница со тешки изгореници.Видал има изгорениви на лицето, рацете и градите.
Според очевидци, напаѓачите фрлиле и неколку молотови коктели во просториите на радиото.
Блиски на Бидал сметаат дека нападот е политички мотивиран, бидејќи тој го истражувал шверцот во пограничните боливиски региони.
Три лица се уапсени под сомнение дека го подготвувале нападот.
Yacuiba е на 3 километри од границата со Аргентина.