Родителите во градот Киршиј можат да ги оставаат бебињата анонимно и без ризик од судско гонење.
Кутијата во која голем број на родители ќе можат да ги остават своите бебиња и без ризик дека можат да бидат судски гонети, била поставена денеска во северозападниот град во Русија.
Експертите сметаат дека кутијата е дел од мерките за спас на стотината напуштени бебиња на годишно ниво. Еден од најновите случаи е бебнце старо само три дена, кое било пронајдено во пластична кеса во Санкт Петерсбург. За среќа преживеало и истото било посвоено.
Организацијата „Колевка на надежта“, која денес ја поставила кутијата за непосакуваните бебиња, велат дека со овој акт, сакаат да привлечат внимание за решавање на ваквиот проблем.