Шанел парфемот е опасен – наскоро може да биде забранет


Со неодамнешни истражувања се докажало дека стотина состојки на познатиот парфем и козметички производи можат да предизвикаат силни алергиски реакции.

Авторите на студијата препорачуваат ограничување на употребата на некои од овие алергени, а некои од нив како што е ,,мoв,, која се користи за производство на познатиот парфем ШАНЕЛ 5 да бидат потполно забранети.

европската комисија (EK) соопшти дека засега не планира да ја забрани продажбата на производите за кои се утврдило дека предизвикуваат алергии.

,, Погрешно е да се каже дека Европа сака да го забрани Шанел 5,, изјави портпаролот на комисијата за заштита на здравјето на потрошувалите Фредерик Венсан кој објасни дека резултатите на научното истражување не се се уште став на Европската комисија.

Сега ќе се разгледува дали состојките за кои е дополнително утврдено дека предизвикуваат алергии ќе се додадат на групата од 26 алергени кои по сегашниот закон мора да бидат наведени на производите во кои ги има.

Сепак признава дека комисијата почнала консултации со козметичката индустрија по повод најновите истражувања. Се испитува колку луѓе би биле подложни на евентуална алергиска реакција, засега овој број е мал но секако нема ништо да се остави на случајност и работата како и научната студија детално ќе се проверува, велат од комисијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1