Случаен минувач ја изгаснал цигарата од главата на дете (Фото)


За време на една попладневна прошетка, Малика Лал (30) не успеала да го заштити својот тригодишен син, од случаен минувач кој својата цигара ја изгаснал од главата на младото момче.

Сторителот се насмеал и си заминал, а младото момче од нанесената болка почнало да вика и плаче. Детето се здобило со изгореница која со денови не можела да се излечи.

Полицијата објавила снимка од уличната камера, но истата е со слаб квалитет, така што се уште не може да го утврди идентитетот на напаѓачот.

Малика вели дека нејзиниот син постојано зборува за човекот кој што го повредил и кај него постои страв да излезе надвор.

Таа додава дека е многу вознемирена што истиот е се уште е на слобода, но исто така жали што не реагирала благовремено за да го заштити детето.
„Бев во паника и не знаев што се случува. Го гушнав моето дете, затоа што не знаев што може да ни направи. За среќа си замина“, изјавила Малика.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1