Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ се повлече денеска од лидерската функција на Демократската партија, која сега е во опозиција.
Тадиќ ја објави одлуката на партиската средба денеска, свикана за подготовка на конгресот на партијата.
Порано оваа година Тадиќ и неговата Демократска партија ги загубија парламентарните и претседателските избори.
Борис Тадиќ најверојатно ќе биде заменет од Драган Ѓилас – сегашен градоначалник на Белград.
Тадиќ ќе остане „почесен претседател“ на Демократската партија.