Грчките попови со закана – ќе го затворат гробот на Исус во Ерусалим – имаат долг 2.1 милион долари за вода


Грчката православна птријаршија се заканува дека ќе ја затвори црквата на христовото воскресение во Ерусалим поради спорот со градскиот водовод поради неплатени сметки за вода во вредност од 2.1 милион долари, пишува израелскиот “Maariv”.

,, Грчкиот патријарх Теофил III разговарал со црквените официјални лица за тоа каков став да заземе во знак на протест поради тоа што на црквата и се бара да плати.,, изјавил Димитри Дилијани, претседател на националната христијанска коалиција во светата земја.

Весникот наведува дека компанијата за водовод и канализација  “Hagihon”, соопштила дека црквата должи 9 милиони шекели (2,1 милиони долари) за вода која не ја плаќале со децении и поради долгот ја блокирале сметката на Храмот.

Револтирана сега грчката како и другите патријаршии кои управуваат со Храмот претат дека ќе ја затворат црквата на воскресението христово која се наоѓа на Голгота брдото каде е Исус распнат, погребан и каде воскреснал.  Овој Храм се смета за центар на христијанскиот свет.

За да се затвори сепак освен Грчките попови согласност треба да дадат и Католичката и Ерменската црква кои исто така управуваат со Храмот.

Грчките попови велат дека е срамно да се бара да ја платат сметката за вода, бидејќи црквата секогаш уживала посебен статус.

Поради блокираните сметки не се исплаќала плата на свештениците ниту пак се подмирувале сметките за струја и телефон.

,, ова не е поради парите туку поради промена на статусот кој ја штител црквата стотина години наназад. Ова е начин да се изврши притисок на нас,, тврди Дилијани кои информира дека грчката црква упатила и протесна нота до израелскиот премиер Нетанјаху и на претседателот Шимон Перес.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1