Провалила во туѓа куќа, ја исчистила и на сопствениците им оставила сметка


Сусан Варен од Охајо, без знаење на сопствениците провалила во една куќа, но не со намера да ги ограби, туку да им го исчисти домот.

 

Поминувајќи со својот автомобил покрај една куќа во Кливленд, Сусан приметила дека во куќата е во хаос. Провалила, ги измила садовите, со правосмукалка го исчистила подот, ја избришала прашината, го изнела и фрлила ѓубрето и си заминала. На сопствениците им оставила сметка за направената услуга во износ од 75 долари.

Додека чистела 19 годишната ќерка на сопствениците, спиела во соседната соба, но не станала затоа што претпоставила дека нејзините најмиле некој да им ја исчисти куќата. Против чистачката е покрената судска постапка поради неовластено влегување на туѓ имот.

Сусан се изјаснила како виновна со цел судот да и ја намали казната, а пресудата треба да и биде изречена на 26 ноември.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1