Македонецот Огнен го бара вашиот глас за уште една светска победа!


 ,,Македонија е мала држава но со големо срце, затоа не се сомневам дека моите македонци ќе го дадат својот глас за да ми помогнат да победам на овој избор.,,

Само неколку недели одкако целиот свет дозна за младиот талентиран охриѓанец, тој веќе има гостувано во повеќе од 100 емисии на ТВ и радио низ Америка. Неговиот талент беше откриен на натпреварот за кампањата против глад која се организираше на светско ниво, а неговиот дизајн кои победи во огромна конкуренција го има на илјадници производи во маркетите низ Америка.

Овој пат се работи за избор на најдобар дизајн за потребите на поп дивата Miley Cyrus. Најдобриот дизајн кој ќе победи на изборот, ќе биде испечатен на неколку милиони дуксери кои ќе бидат дистрибуирани по бутиците низ целиот свет со кои поп дивата има склучено договор за ексклузивна продажба.

,, Македонија е мала држава но со големо срце, затоа не се сомневам дека моите македонци ќе го дадат својот глас за да ми помогнат да победам на овој избор. Гласањето е преку интернет, се што треба е да имате фејсбук или твитер профил, да го отворите линкот http://tlnt.at/U0Brwz и да кликнете на копчето VOTE од десната страна. На линкот го имате мојот дизајн, се надевам дека ќе ви се допадне. Ако победам, ветувам дека лично ќе дадам напори да се дистрибуира и во Македонија,, вели младиот дизајнер Огнен Трпески.

Во моментов Огнен Трпески се наоѓа на првото место во силна конкуренција, но ако сакаме нашето македонче уште еднаш да го обиколи светот тогаш несебично треба да му го дадеме нашиот глас! Гласањето трае до среда (7-ми ноември) до 23:59 часот. Ајде македонци да го поддржиме нашиот Огнен !!!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1