Бри Либранд (23) од Луизијана преку видео на интернет ја раскажува својата 10 годишна тортура која ја преживеала поради силувањето од страна на нејзиниот татко. Тврди дека татко и Стивен Бреслер почнал да ја силува кога наполнила 4 години, и продолжил се додека не направила 14 години.
,, Добив меил од You Tube во кое ме информираат дека човекот кој ме силуваше се претплатил на мојот канал на You Tube да ги гледа моите видеа,, вели на почетокот девојката која била испровоцирана да раскаже што се случило токму поради тоа. Сакаш да видиш како ми е сега, дали ме скрши епа еве гледај монструме, вели Бри во видеото.
Мојот татко ме врзуваше со синџири и ме малтретираше на 4 години, повеќе пати се обиде да ја убие мајка ми. А еднаш кога се обиде да ме одбрани од едно од многуте силувања ти ја удри и и ја скрши вилицата,, вели Бри
Бри успеала да избега од нејзиниот татко на 13 годишна возраст. Завршила Универзитет, станала актерка, а на еден од локалните избори за убавина го освоила првото место.
,, Станав актерка за да избегам од својата реалност, да не полудам. Ти не си човек не заслужуваш да живееш, се надевам дека ќе умреш во најголеми маки.
Бри на видеото покажува и три вида на оружје порачувајќи му на нејзиниот татко дека е подготвена за него, ако реши да се појави. Гледај ме како кошмар до крајот на животот, моето лице нека ти е пред очи кога ќе умираш во маки – му порача девојката.
Нејзините видеа за убавината и шопингот имаат по 2 000 гледачи. Ова видео достигна до 200 000.