Легализација на инцесот – Данска ќе дозволи секс меѓу членови на семејството


Парламентарната партија Црвено-целена коалиција, која ја одржува Владата на левицата на власт, смета дека „државата не треба да се меша во тоа кој со кого треба да има деца“.

Данските парламентарци се залагаат за укинување на законската одредба со која се криминализираат сексуалните односи меѓу братот и сестрата.

Претставничката на оваа партија Перниле Скипер изјави дека „државата не треба да се меша во тоа кој со кого треба да има деца“, додавајќи дека тоа е „гротескен и застарен поглед на секс и видови на семејства“.

Црвено-зелената коалиција смета дека од актуелниот закон во Данска треба да се исфрли одредбата со која се одредува дека „оној што има сексуални односи со братот или сестрата ќе биде казнет со затворска казна од две години“.

Водечката владејачка партија на социјалдемократите го отфрла ваквиот предлог, а останатите две владејачки партии, Социјалистичката народна партија и Социјалните либерали, ќе се изјаснат врз основа на извештајот на Комисијата за кривичен закон околу оваа проблематика.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1