Новаосаѓанецот Душан Мијатовиќ, продавач на волненеи џемпери на пазарот во градот пронашол торба во која имало 18.000 евра. Веднаш отишол во полиција и торбата и ја вратил на сопственичката.
Со помош на документи кои биле во торбата полицијата ја пронашла сопственичката
,, Жената купи од мене волнен елек. Имаше 2 торби и едната ја заборави. Кога ја видов крај тезгата ја отворив и внатре имаше еден куп пари. Прво се исплашив па почнав на цел глас да викам дека во торбата има пари. Двајца ме слушнаа па сакаа да ми ја земат торбата, ми помогнаа вработени во блиската продавница, се пикнав кај нив во канцелариите и таму викнавме полиција,, раскажува Душан.
Тој е во тешка материјална состојба затоа и нелегално на импровизирана тезга продава џемпери.
,, Работев порано во клиничкиот центар но имам повреда на ногата, тешко сум болен па добив инвалидска пензија од 8.400 динари месечно. Сите сметки си ги плаќам редовно освен тој за гас кој сега достигна 780.000 динари. Иако имам долгови не ми ни падна напамет да ги земам парите кои ги најдов за себе,, вели Душан.
Татко му бил полицаец и тој е воспитан да биде чесен и со чист образ.
– Кога ги вратив парите сите ми рекоа дека сум будала, но ќерка ми ми рече браво тато – и тоа ми значи најмногу од се, вели Душан.
,, Јас сум чесен враќам се освен жени (ха ха ) што да правам таков сум, ги сакам,, вели Душан, а колегите од пазарот потврдуваат дека е фатален за жените.
Кога ги вратил парите сопственичката за благодарам му дала само 100 евра и 200 динари за такси да се врати дома. Да потсетиме и врати 18.000 евра.