Минатата недела еден корисник на Reddit објави стрип во кој на шеговит начин раскажува како негов пријател направил тест за бременост на шега. Имено тој на шега се тестирал со неискористени тест за бременост кој го оставила неговата поранешна девојка, а се шокирал кога тестот покажал дека е позитивен – односно бремен.
сепак оваа шега изгледа му го спасила животот и затоа решил да ги предупреди сите. Позитивниот тест за бременост може да биде знак на рак на тестисите. На нивната шега на интернет која ја објавиле за да се изнасмеат, мислејќи дека тестот е расипан, коментар напишал лекар – уролог. кои го предупредил момчето да оди да се провери бидејќи позитивен тест за бременост може да значи рак на тестисите.
“Ако ова е точно, сите би требало да направите тест и да се проверите за рак на тестисите,, рекол тој.
Тестовите работат на принцип на детекција на бета хуман хорионски гонадотропин (hCG) во урината.
” единствено нешто што во телото го дава овој хормон е бременоста и рак на тестисите”, изјави онкологот д-р Марк Померанц во интервју за АБЦ. “Постојат многу малку работи во телото кои произведуваат бета-hCG и рак на тестисите е еден од нив.”
Вчера, следел нов пост од момчето во кое напишал дека е поврдено дека лекарите откриле мал тумор во тестисите. Туморот за среќа е откриен рано и бил многу мал, но сепак човекот најверојатно ќе изгуби еден од тестисите.
Д-р Кристофер Вуд, претседател на одделот за урологија при Универзитетот во Тексас изјавил дека мажите би требало да се малку поажурни за проверка на своето здравје, не е исто да се открие рано како во овој случај и да се изгуби еден тестис, или да се изгуби живот, вели докторот.