Можно ли е Аљаска да ги има едни од најстарите вештачки пирамиди, изградени од човечка рака? Ова може да се открие од неодамнешното топење на снегот и сантите мраз, по што би можело да се откријат повеќе вакви антички објекти.
Мал тим на истражувачи најавуваат дека ги пронашле пирамидите, иако на некои од нив се гледаат само врвовите, но општата форма е очигледна. Тимот, пирамидите ги открил сосема случајно. Имале можност истите и да ги фотографираат.
Доколку овие пирамиди се навистина вештачки, тогаш се поставува прашањето кој ги изградил и зошто. Историчарите велат дека првите луѓе кои што ја населиле Северна Америка, се случил во периодот на последната ледена доба, приближно пред 10 до 12 илјади години.
Културата Кловис генерално се смета за првата која што се развила во овој временски период, но нема докази дека пирамидите потекнуваат баш од тој период и од таа култура. Тимот на истражувачи ќе продолжи со испитувањето на овие древни објекти, а во моментов групата се зголемува со дополнителни археолози, инжинери и геолози кои би можеле да дадат свој допринес во самото истражување.
Повеќе инфо на следниот ЛИНК