Пронајден скелет од вампир во Британија


Долго низ историјата вампирите биле отфрлени претставувајќи го како мит и легенда, за многу тинејџери, истите се користеле со заплашување преку раскажување на страшни приказни. Но, сепак за некои кои живееле во средниот век, истите биле смртно сериозна работа.

Истите превземале екстремни мерки против секого, за кого се сомневале дека би можеле да ги прогонува во задгробниот живот.
Сега, нови детали се појавија во Велика Британија во врска со погребувањето на вампирите. Нов археолошки извештај кој се појави деновиве, укажува на откривање на скелет, за кој се претпоставува дека датира од 550-700 година пред нашата ера. Скелетот бил закопан во близина на Нотингемшир, со метални шилци преку рамената, зглобовите и срцето. Скелетот бил пронајден од страна на археологот Чарлс Даниелс.

За време на англо-саксонскиот период, казната за убијците, крадците, предавниците, прељубниците и прекршувачите на општите правила, била истите да бидат погребани во близина на некоја водна површина, а истите биле закопувани со лицето надоле, додека некои од нив биле и обезглавувани. За сите нив во тој период биле етикетирани како вампири а плашејќи се од прогонство во задгробниот живот истите доживувале страотна смрт од месното население.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1