Генијални измамници чија работа е да крадат туѓи пари од банка, осмислиле куп начини полесно да го прават тоа, а да не ни забележите.
Омилената мета на крадците се сметките на големите компании кои добро работат. Освен крадење пари од сметка, со помош на лажни налози за исплата, може и да ги префрлат парите од сметката на фирмата во друга банка, како и подигнување со фалсификувани лични документи, крадење пари од сметката на фирмата на банкомати со помош на непоништени бизнис платени картички, подигнување на туѓа заштеда со фалсификувани документи…
-Имаше два случаја кога од сметката на банка со помош на фалсификувани лични документи се подигнати 300.000 евра туѓа заштеда. Обидот за кражба на милион евра од сметка на штедач, откриен е измамникот бидејќи заборавил дека за подигнување на голема сума на пари мора да се најави ден порано. Не се ретки случаите кога од сметка на голема компанија, кои имаат големи суми на пари, мора да се најават еден ден порано. Не се ретки случаите кога од сметката на големи компании кои имаат многу пари, со лажни налози за пренос на пари, ги префрлуваат на сметка на физичко лице во друга банка и во истиот момент ги подигнуваат со лажни документи и фалсификуван потпис – објаснува анонимен соговорник од банка.
Измамниците се откриваат воглавно кога стануваат алчни и почнуваат да ја зголемуваат висината на сумата што ја крадат.
-Крадецот за месец дена од сметката на некоја голема фирма, со помош на два-три налога ќе симне 500.000 денари, а во фирмата за тоа воопшто не знаат. Кога ќе претераат со кражбата и кога ќе претераат со износот во една фирма, тогаш се откриваат кражбите во сите фирми од кои краделе – објаснува таен извор за српски Курир.
Начини за крадење пари:
1. Лажни картички на банкомати
2. Лажни налози за исплата и пренос на пари
3. Подигнување на заштеда со фалсификувана документација
4. Лажни кредитни картички
5. Преку банкомат со помош на непоништени бизнис платни картички
6. Земање код од корисникот од сметката за плаќање преку интернет
7. Службеникот на банката ги присвојува парите кои клиентот ги уплатил за порано да го отплати кредитот.
Чувајте се од интернет
Криминологот Златко Николиќ за криминолошки и социолошки истражувања, истакнува дека многу луѓе кои користат интернет за плаќање сметки најчесто се ограбени.
-Измамниците на корисниците на интернет им праќаат известување дека добиле награда. Ако тие во тоа поверуваат и ги следат упатствата што им се даваат, измамниците го откриваат нивниот ПИН код, со чија помош им ги крадат парите од сметката – кажува Николиќ.