Го изгубил бизнисот, изгубил се, себе си и својот живот, затоа се убил


Деловен советник, бизнисмен со долгогодишно искуство во индустриското производство и писател Џеф Хеден, пред еден месец го загубил својот деловен партнер.

Хеден знаел дека неговиот партнер доживеал финансиски дебакл и дека со тоа тешко можел да се носи. На крајот неможејќи да се помири со неуспхот си го одзел себеси животот. На Хеден потешко му паднало што зад себе ги оставил неговата друга половина, семејството и пријателите.

Неговата работа му била продолжение на неговиот приватен живот. Постојано одел на вечера со луѓе со кои работел, пиел кафиња со нив и постојано разгoварал за работата. Цело време на себе си ја имал вештачката маска, со цел да им удоволи на деловните партнери и успешни бизнисмени.

Откако го загубил бизнисот, се изгубил и себе си и својот живот и затоа ја донел ваквата тешка одлука. Негова била одлуката да живее само од и за работата. На крајот работата е таа која што го земала него.
Може ли бизнисот да биде како семејството? Може ли деловниот однос да биде како вистински однос?
Се разбира, само што акцентот овде се става на „би“ можело. Договорите, понудите и славата можат да се остават и за утре.
Да ви преостанат само пет минути живот, за кои избори би се пожалиле? Дали би жалеле што не сте поминале повеќе време на работа? За парите кои не сте ги заработиле?
Тешко. Затоа ви препорачуваме, доколку можете, уште денеска излезете порано од работа.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1