Како победи Обама – за MKnews проф Џонсон (Видео)


„Ова е  чиста победа на претседателот Барак Обама, но и досега најсилна, кога станува збор за претседателските избори во САД“, вели еден од најреномираните професори по политички науки од Универзитетот во Оклахома, Проф. Д-р. Тајлер Џонсон.

За MKnews од САД – Ана Ношпал

Професорот Џонсон даде краток осврт за позитивните и негативните страни од претседателската кампања, како и за влијанието и пристапот на кандидатите, Барак Обама и Мит Ромни, кон гласачите..

„Често слушавме за негативната страна на маркетингот што беше користен за време на изборите, како и за милионите потрошени долари за потребите на кампањата, но и покрај се, крајниот ефект беше задоволувачки. Во сета таа негативност се наѕира позитивната страна, многу луѓе кои беа дел од кампањата научија нови работи кои подоцна ќе придонесат во подобрување на сликата кон опшеството..“

Демократите повеќе се насочија кон соединување, се повеќе се зголемува бројот на жени во изборните кампањи како и во електоратот.

Демократите усеаа да се доближат поблиску до латиноамериканците, младите луѓе.. Републиканците очигледно ќе мораат да најдат начин како да го подобрат својот пристап кон луѓето и да се приближат до овие групи доколку сакааат да победат на следните избори, или да одберат други кандидати..

„Социјалните медиуми се двигатели на денешницата. Благодарени на нив, кандидатите успеваат да ги пренесат своите пораки до луѓето. Информирањето преку социјалните мреже како Фејбук и Твитер за тоа што се се случува, дава поголем фидбек, а со самото тоа и подобрување на пристапот на кандидатите кон народот. Порано кога технологијата не била развина до овој степен, телевизијата и весниците ја имале главната улога за пренесување на пораката.

Тој исто така ја искритикува и моменталната политичка ситуација во земјата, која за жал постепено опаѓа. Пораките кои политичарите ги пренесуваат се повеќе негативни и доминираат над политичката понуда. Дебатите најчесто беа окарактеризирани како „ринг во кој агресијата зазема главно место во искажувањето на ставовите“. Тие не се борба на аргументи и ставови, тие се борба на впечатоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1