На 9 степени над нулата, педесетина деца кој беа дел од програмата за свечено отворањето на новата градинка „Пампурче“ облечени во куси ракави и тенки блузички, дечињата пееја и играа. Премиерот Никола Груевски кој беше почесен гостин доцнел 37 минути, јави Телма.
Учителките се обиделе малку да ги загреат дечињата, но на мрзнењето и доцнењето не изреагирале ни родителите кои со громогласен аплауз го поздравиле премиерот кога пристигнал.
Зошто воопшто сите и учителките и родителите дозволиле на овој студ дечињата да бидат надвор по куси ракави?
Градинката „Пампурче“ има капацитет за 200 деца, површина од 2500 метри квардатни, а инвестицијата се проценува на 82,5 милиони денари.