Насекаде каде и да одат, луѓето мораат да уринираат. Ова е факт на нашето постоење.
Но, наместо да ја испуштаме истата во тоалетот, човековата урина може да се искористи како суровина за уникатен обновлив извор на енергија.
Замислете си ситуација во која можете да произведувате шест часа електрична енергија од еден литар урина.
Благодарение на иновативниот изум на четири тинејџери во Африка, тоа веќе и не е потребно да се замисли.
И покрај заостанатоста на индустрискиот развој на овој континетнт девојчињата успеале да создадат електрична енергија од својата урина.
Уринскиот погонски генератор бил презентиран од страна на Дуро-Аина Адебола (14), Акинделе Абиола (14), Фалеке Оливатуин (14) и Вело Ениола (15)
според „Maker Faire Adica blog“, системот функционира на овој начин:
– Урината е ставена во електролитска ќелија, која го одделува водородот.
– Водородот се пренесува во филтер за прочистување на вода, а потоа се турка во плинска боца.
– Гасот во цилиндарот го турка водородот во цилиндар со течен боракс, кој се користи за остранување на влагата од водороден гас.
– Прочистениот водороден гас се пренесува во генераторот.
Тинејџерките кои би можеле да го сменат начинот на кој што чиовештвото досега создаваше енергија, се надеваат дека ќе добијат некое дополнително менторство како и финансиска поддршка, со цел нивниот изум да стигне до едно повисоко ниво.