70 отсто од Венеција е под вода, а нивото на морето достигна 1,5 матар, поради обилните дождови. Поради невремето итно е спроведена евакуација на 200 лица од Тоскана поради појава на свлечишта.
Најзагрозена област е провинцијата Маса и Карара, која го произведува славниот мермер Карара, каде се евакуирани околу 50 лица.
Во Пиза поголем дел на улици останале без струја откако биле поплавени. Во Ливорно исто така е прогласена состојба на готовност.
Евакуација имало и во Лигуриј – засега само 30 лица.
Властите го предупредуваат локалното население да не излегува на улиците и да се префрлат на повисоките катови од куќите.
Невремето се очекува попладнево да го зафати Рим каде припадниците на цивилната заштита се наоѓаат во состојба на подготвеност.