Венеција поплавена, евакуација во Тоскана


70 отсто од Венеција е под вода, а нивото на морето достигна 1,5 матар, поради обилните дождови. Поради невремето итно е спроведена евакуација на 200 лица од Тоскана поради појава на свлечишта.

Најзагрозена област е провинцијата Маса и Карара, која го произведува славниот мермер Карара, каде се евакуирани околу 50 лица.

Во Пиза поголем дел на улици останале без струја откако биле поплавени. Во Ливорно исто така е прогласена состојба на готовност.

Евакуација имало и во Лигуриј – засега само 30 лица.

Властите го предупредуваат локалното население да не излегува на улиците и да се префрлат на повисоките катови од куќите.

Невремето се очекува попладнево да го зафати Рим каде припадниците на цивилната заштита се наоѓаат во состојба на подготвеност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1