Откако пред шест години од Пентагон почнаа да „прочуруваат“ врвни тајни документи, претсетаделот Барак Обама го потпиша документот со кој се поништува „top-secret“ командната хиреархија, преку која разни сајбер хакери можеа досега да дојдат до различни шематски планови направени од врвната безбедносна служба на САД.
Овој документ Обама го потпишал во средината на октомври, а истата како што ја нарекуваат „Директива 20“, поставува широк и строг сет на стандарди за водење на работењето на федералните агенции во борбата против заканите во сајбер-просторот, кој што првенствено доаѓаат од спротивставените нации-држави.
Американскиот печат обелоденува дека ова претставува едниствена опција за Белата Куќа како би се бореле со офанзивата и дефанзивата акција во она што претсавува „cyberwar“ или пак „cyberterrorism“. САД на овој начин ќе има можност да ги напаѓа мрежите на други народи и држави и тоа без притоа да се добие зелено светло од првиот човек на Америка.
Висок административен претставник говори, дека ваквиот документ всушност само експлицитно ги објаснува сајбер операциите кои што администрацијата на оваа гарнитура на власт во Америка би ги користела.
Кога Њујорк Тајмс го објавил експозето на Белата Куќа, таканаречено Олимписки Игри програма, на почетокот на оваа година, светот стана свесен за инволвираноста на САД во меѓународната „cyberwar“.
Анонимни официјални лица од високото обезбедување на Барак Обама, зборуваа за тоа дека ваквата програма била започната уште во 2006 година, кога со Америка владееше Џорџ Буш, која имала за цел да ги открие тајните нуклеарни објекти во Иран, а потоа истата операција ја преземал Барак Обама.
Обама наредил софистицирани напади врз комјутерските системи на кои работи нуклеарниот реактор во Иран.
И покрај тоа што Конгресот со крајни маки се бореше за да ги открие ваквите активности на администрацијата на Обама, сепак сите обиди завршиле неуспешно.
САД во моментов може да повлече потези за напад на одредени комјутерски мрежи на други народи и држави, оправдувајќи се дека, истите тие се закана за безбедноста на Соединетите Американски Држави
Се претпоставува дека хакерските напади над Пентагон, кои што се случија во претходниот период, всушност биле намерно направени, со цел да се внесе страв меѓу американскиот народ, дека безбедноста на земјата би можела да биде загрозена, па оттука нужни се зајакнувања на одредени безбедносни мерки, со кои би се ограничиле ваквите сајбер напади, на начин на кој што Америка би била таа која што прва би го упатила ударот
Со потписот на Обама, ваквата директива овозможува Америка да навлезе во компјутерските системи како на државни странски земји, така и на приватни компании.