Студентите и професорите археолози открија куќа стара 7 милениуми


Студентите и професорите од групата историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, открија куќа стара 7 милениуми. Куќата е на  локалитетот кај селото Ракотинци, Скопско, пишува факултети.мк.

Предмети од куќата во иднина ќе можат да се видат во Археолошкиот музеј кој од 2010 година функционира во рамките на Факултетот.

Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Горан Ајдински, вчера ја истакна и потребата од формирање на лабораторија за испитување и анализа на материјали во рамките на Музејот со чие формирање и финансиска поддршка од страна на Министерството оваа образовна установа се доближува до светските универзитети.

Студентитете учествувале на истражувања на повеќе локалитети како Висока, с. Крушевица и Старо Бонче, локалитетот Градиште, с. Црнобуки, Битолско, локалитетот Вардарски Рид и Скопското Кале – што резултираше со пронаоѓање на многу вредни артефакти”.

Министерката Канческа -Милевска, изјави дека Министерството ќе продолжи и со финансирање на преводи на стручни книги од областа на археологијата, а ќе поддржува и публикување на монографии кои се резултат на истражувањата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1